Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави дека сите испораки кои вклучуваат воена помош за Украина стануваат цел и на руската армија.
– Јасно ставивме до знаење дека сите оние испораки што пристигнуваат во Украина, а за кои веруваме дека се оружје, ќе бидат легални цели за пукање – додаде рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Имено, Словачка изрази подготвеност да испрати системи за противвоздушна одбрана С-300 во Украина штом добие замена воена опрема од Америка или сојузниците од НАТО.
– Би сакал да ги потсетам сите земји кои воопшто размислуваат за таква идеја – советското и руското оружје се таму исклучиво во согласност со меѓувладините договори и договори кои имаат одредени сертификати за употреба. Токму овие сертификати забрануваат испраќање на ова оружје во трети земји. Можам само да додадам дека нема да дозволиме тоа да се случи – нагласи шефот на руската дипломатија.