Лекарска грешка во Германија – осуммина негуватели вакцинирани со пет дози

пред 6 месеци

На почетокот на имунизацијата против коронавирусот се случи грешка во германскиот град Штралсунд – осуммина негуватели се вакцинирани со петкратна доза од вакцината поради лекарска грешка.

Половина од нив, според германскиот дневен весник „Билд“, а вакцинирани биле седум жени и еден маж, имале симптоми на грип по вакцинирањето. Четири вакцинирани лица побарале прием во болницата со цел да се следи развојот на ситуацијата. Во соопштението на округот се посочува дека производителот на вакцината „Бионтек“ информира дека во првата фаза од студијата биле тестирани поголеми дози, без поголеми последици.

При подготовка на вакцината надлежниот лекар очигледно ги превидил информациите на пакувањето.

„Станува збор за шише со повеќе дози, чија содржина треба да се раствори“, се наведува во соопштението.

Share

AnimeTV all anime tv: Watch My Hero Academia 2 (Dub) Episode 20 (https://animetv.cc/m/YaKe/ep-20)

AniWatch animes online: Watch Jujutsu Kaisen (TV) Episode 11 (https://aniwatch.pro/m/vOrV/ep-11)

Scroll to Top