САД треба да и’ платат отштета на Франција за загубите доколку ЕУ ги забрани руските дистрибутери на енергија, изјави француската претседателска кандидатка Марин Ле Пен.
„Американците, кои ќе ни продаваат течен гас и од него ќе остварат солидна добивка, би можеле да ги префрлат парите во Франција како компензација за антируските санкции“, изјави Ле Пен за телевизијата БМФ.
Таа истакна дека Вашингтон врши притисок врз руските енергетски дистрибутери.
Ле Пен смета дека ако Вашингтон успее да ги прекине испораките на руски гас за ЕУ, тоа ќе резултира со неподносливо високи сметки за Французите.
Сепак, Ле Пен смета дека американските нафтени магнати не се грижат премногу за обичниот народ на Франција и нивните проблеми и дека ги интересира само бизнисот. Вели дека тие само сакаат да профитираат од зголемувањето на понудата на природен течен природен гас за Унијата.
ЕУ во последните неколку недели воведе бројни санкции кон Москва, а многу земји не успеаја да се договорат за забрана за увоз на руска енергија.
Многу членки на ЕУ се во голема мера зависни од руската енергија, додека некои немаат алтернатива или излез на море и не можат да добијат гас, на пример, од САД.
Сепак, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел во понеделникот рече дека дискусиите на оваа тема ќе продолжат.
Москва во моментов испорачува околу 40 отсто од гасот што го користат членките на ЕУ и околу една третина од нивната нафта. Рускиот вицепремиер Александар Новак неодамна процени дека на ЕУ ќе и требаат меѓу пет и 10 години целосно да ги замени руската нафта и гас, истакнувајќи дека ембаргото неизбежно ќе доведе до рекордно високи цени на енергијата.