Лукашенко: Ако Европа сака проблеми, ќе ги добие

пред 6 дена

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека Европската Унија ако сака нови проблеми со воведувањето санкции кон неговата земја, тоа и ќе го добие.

„ Едноставно ќе кажам, за да ме разберете: ако Европејците сакаат проблеми дома поради овие санкции, тие ќе ги добијат. Нема да кажам ништо повеќе. Времето ќе покаже. Само едно ве прашувам – дајте ми информации за најголемите европски проекти во нашата земја и компаниите што се отворија на територијата на Белорусија. Да ја видиме нивната работа“, рече тој.

Лукашенко праша – кому и зошто му се потребни санкции.

„ Ние ја штитиме државата. Ние, целата нација, сакаме да живееме во нашата земја. Ние ја браниме земјата. И тогаш, тие не удираат по главата со санкции за тоа? Затоа треба да одговараме”, рече претседателот на Белорусија.

Премиерот Головченко, по средбата со Лукашенко, изјави дека одлуките за нови контрасанкции ќе бидат донесени во зависност од ситуацијата, пренесе „Спутник“.

Share

WCOStream anime online: Watch Dr. Stone Episode 14 (https://wcostream.cc/m/JbWM/ep-14)

AniWatch dubbed anime: Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train (https://aniwatch.pro/m/eMX4) Episode Full

Scroll to Top