Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, ги демантираше гласините за приклучување на неговата земја кон Русија.
Тој рече дека Русија и Белорусија ќе изградат такво единство на две независни држави што ќе послужи како модел за другите земји.
„Тие велат дека Белорусија ќе биде вклучена во Русија, а јас велам дека јас и Путин не сме толку глупави за да ги следиме старите методи, ќе изградиме такво единство на две независни држави што тие меѓу другото ќе научат од нас и како да се надминат санкциите и слично“, рече Лукашенко.
Тој вели дека му е драго што се воведени санкции.
„Конечно почнавме да соработуваме со Русија на начин на кој требаше да соработуваме одамна“, рече тој.