Маж влегол во катедрала во Франција и оставил бомба

пред 2 години

Катедралата „Сент Етјен“ во Тулуз е евакуирана кога непознат маж влегол за време на утринската богослужба и оставил пакет со рачно изработена бомба, која не била активирана, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин.

Дарманин рече дека пакетот е импровизирана експлозивна направа, без детонатори, и дека е безбедно неутрализирана.

Никој не е уапсен.

Еден од свештениците од катедралата, Симон Дартик, за локалниот весник „Ла Депеш“ изјавил дека непознат маж избегал откога го оставил пакетот на скалите на олтарот.

Друг свештеник мислел дека се работи за доставувач.

Share
Scroll to Top