Францускиот претседател Емануел Макрон процени дека Европа ќе мора да го подобри и заврши својот економски одговор на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, така што закрепнувањето ќе оди побавно.
По завршувањето на видео самитот на лидерите на ЕУ Макрон рече дека една од најголемите лекции за Европа, како и за Франција, е дека е потребно драстично да се поедностави одговорот на кризата, пренесуваат француските медиуми.
„Ние сме премногу бавни, премногу сложени, заглавени сме во сопствената бирократија“, рече Макрон.
Коментирајќи го самитот, францускиот претседател кажал дека треба да има буџетска поддршка сè додека трае здравствената криза.
Тој исто така рекол дека планот за закрепнување, претставен пред неколку дена од американскиот претседател Џо Бајден, ја става ЕУ под историска одговорност.
„Јасно можеме да видиме дека Соединетите Американски Држави се враќаат на апсолутно ниво што хо имаа и пред кризата, и пред се, многу брзо ќе се вратат на патот што беше нивни. Од друга страна, ЕУ нема да се врати на ова ниво до пролет-лето 2022 година. Таа промена е загрижувачка “, рече Макрон.
Тој додаде дека ова е нешто за што мора да се разговара во ЕУ и повика на побрзо и посилно инвестирање во секторските приоритети.