Францускиот претседател Емануел Макрон одвоено разговараше со претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Владимир Зеленски, јавува Си-Ен-Ен.
Разговорот со Путин траел час и половина, соопшти Елисејската палата.
Макрон рекол дека инсистира на потребата да се примени итен прекин на огнот.
Решението за Украина е можно само ако се земе предвид интересот на Русија, му рекол Путин на Макрон, пишуваат агенциите.