Следните неколку месеци ќе бидат одлучувачки и за Унгарија и за Европската унија, изјави францускиот претседател Емануел Макрон и додаде дека на унгарскиот премиер Виктор Орбан не смее да му се дозволи да ја држи ЕУ kako „заложник“.
Лидерите на Европската унија се согласија да отворат преговори за членство со Украина и покрај тоа што таа продолжува да се бори против Русија, но не можеа да се договорат за пакет финансиска помош од 50 милијарди евра за Киев поради противењето на Унгарија, објави Ројтерс.
Макрон на крајот од самитот на ЕУ во Брисел им рече на новинарите дека, според него, Орбан бил почитуван за време на разговорите, но дека за возврат мора да ја почитува ЕУ.
Макрон додаде дека верува оти Орбан ќе ги надмине вообичаените обрасци и ќе покаже одговорност.
Текстот Макрон: Следните неколку месеци ќе бидат одлучувачки за Унгарија и ЕУ е превземен од МАКФАКС.






