Макрон: 2024 ќе биде година на гордост и надеж

Макрон: Ќе останам претседател до крајот на мојот мандат до 2027 година

пред 1 година

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва изјави дека ќе остане на функцијата до крајот на неговиот мандат, кој трае до мај 2027 година, пренесе Ројтерс.

Во вечерашното обраќање до нацијата, еден ден откако членовите на францускиот парламент вчера и изгласаа недоверба на владата предводена од Мишел Барние, Макрон рече дека ќе остане на чело на земјата.

„Мандатот што ми го дадовте трае пет години и ќе го исполнам до самиот крај“, рече Макрон за време на 10-минутниот говор, додавајќи дека во наредните денови ќе именува нов премиер.

Текстот Макрон: Ќе останам претседател до крајот на мојот мандат до 2027 година е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top