Малта неделава ќе ја легализира марихуаната

пред 3 години

Малта ќе стане првата европска земја оваа недела која ќе го легализира одгледувањето и поседувањето канабис за лична употреба.

Поседувањето до 7 грама марихуана ќе биде легално за лица над 18 години, а ќе биде дозволено одгледување до четири растенија.

По гласањето во парламентот на Малта, кое ќе се одржи утре, законот ќе биде потпишан од претседателот за да може да биде изгласан до викенд.

По овој потег на Малта, најмалата земја членка на Европската Унија, во 2022 година најверојатно ќе се случат реформи низ цела Европа.

Имено, Германија неодамна најави регулирање на пазарот на канабис, а слично најавија и владите на Швајцарија, Луксембург и Холандија.

Што се однесува до ситуацијата на другата страна на Атлантикот, Канада, Мексико и 18 американски држави донесоа слични закони.

Холандија е европската земја која најмногу се поврзува со либералниот пристап кон употребата на канабис. Сепак, важно е да се истакне дека рекреативното користење, поседување и трговија таму се технички незаконски.

Share
Scroll to Top