Уапсен маж во САД: Се заканувал дека ќе изврши масовен напад на свеченост на компанијата на Илон Маск

Маск: Во иднина во светот ќе има повеќе роботи отколку луѓе

пред 1 година

Во иднина во светот ќе има повеќе роботи отколку луѓе, изјави денеска американскиот претприемач Илон Маск, кој преку видеоврска им се обрати на учесниците на инвестициската конференција во Ријад.

Тој изрази оптимизам за развојот на вештачката интелигенција, но истакна дека има 10 до 20 проценти шанси работите да тргнат наопаку и го повтори својот претходен став дека вештачката интелигенција може да претставува „егзистенцијална закана“, според Блумберг.

Според Маск, системите за вештачка интелигенција се десет пати подобри секоја година отколку во претходните 12 месеци и „веројатно во следните година или две“ ќе можат да направат се што можат луѓето да направат.

Текстот Маск: Во иднина во светот ќе има повеќе роботи отколку луѓе е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top