Медведев испрати порака до јапонските власти: „Самураи, извршете харакири“

Медведев: Ако Зеленски биде реизбран, ќе продолжи да ги одложува преговорите

пред 1 година

Исклучително е опасно шефот на украинскиот режим, Владимир Зеленски, да биде реизбран на таа позиција бидејќи тој ќе продолжи да лаже, да ги одложува преговорите и да испраќа 18-годишници во војна, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност и експретседател, Дмитриј Медведев.

Медведев повторил дека преговорите се можни, но очигледно е дека Русија е подготвена за нив под апсолутно одредени услови бидејќи Зеленски е нелегитимен претставник на украинските власти.

„Зеленски би можел да се обиде да биде реизбран, но тоа би било крајно опасно: или ќе загуби од одреден Валери Залужни или неговата слаба борбена фигура, едноставно, ќе биде отстранета од шаховската табла на англосаксонските велемајстори“, нагласил тој.

Претходно, Путин изјави дека Украина речиси целосно го загубила својот суверенитет, па без спонзорски пари и муниција сѐ ќе биде готово за еден и пол до два месеца.

 

Текстот Медведев: Ако Зеленски биде реизбран, ќе продолжи да ги одложува преговорите е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top