ЕУ треба да ги реши разликите преку меѓусебни разговори, рече германската канцеларка Ангела Меркел, одговарајќи на прашањето за спорот со Полска околу владеењето на правото.
„Сите ние сме земји -членки на Европската унија, што значи дека имаме должност секогаш да се обидуваме да најдеме компромис без да се откажеме од нашите принципи“, им рече Меркел на новинарите по средбата со белгискиот премиер Александар Де Крум во Брисел, пренесе „Ројтерс“.
„Мислам дека е време подетално да разговараме со полската влада за тоа како да се надминат проблемите“, додаде таа.
Меркел посочи дека Европскиот суд на правдата мора одвреме -навреме да одлучува за предметите, но исто така додаде дека е загрижена за бројот на предмети што завршуваат пред највисокиот суд на ЕУ во моментов.