Меркел не сакала реизбор на Трамп во 2020 година

Меркел не сакала реизбор на Трамп во 2020 година

пред 9 часа

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел не била заинтересирана за победата на Доналд Трамп на претседателските избори во Соединетите Американски Држави во 2020 година, според декласифицираниот извештај на Националниот разузнавачки совет на САД објавен на веб-страницата на Белата куќа.

Во документот се наведува дека Меркел „преферирала победа на друг кандидат“, првенствено поради лични несогласувања со Трамп, но и поради верувањето дека политиките на неговата администрација ја отежнуваат позицијата на Германија, Европската Унија и НАТО.

„Објавуваме серија претходно класифицирани проценки од американската разузнавачка заедница и други извештаи кои покажуваат дека нашата влада долго време била свесна за сериозните ранливости“, се вели во соопштението.

Според извештајот, односите меѓу тогашната германска канцеларка и американскиот претседател биле оптоварени со бројни несогласувања, особено во однос на надворешната политика, односите со НАТО и управувањето со кризи.

Во документот се додава и дека Меркел ги критикувала потезите на администрацијата на Доналд Трамп за време на пандемијата на коронавирусот. Како што беше наведено, на затворена видеоконференција со европските лидери, таа оценила дека американските претседателски избори во 2020 година претставуваат еден од ризиците за Европската Унија.

На 16 јули, американскиот претседател Доналд Трамп, за време на своето обраќање до нацијата, изјави дека Кина наводно имала пристап до податоци за 220 милиони американски гласачи за време на изборите во 2020 година.

Трамп оцени дека странското мешање во изборниот процес предизвикало огромна штета на Соединетите Американски Држави, додека Министерството за внатрешна безбедност на САД, според него, идентификувало околу 278.000 регистрирани гласачи кои немаат американско државјанство.

Темата за безбедноста на изборите и странското влијание е повторно во центарот на вниманието во Вашингтон, додека во исто време се преиспитуваат односите на САД со сојузниците од периодот на првиот мандат на Трамп.

Текстот Меркел не сакала реизбор на Трамп во 2020 година е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top