Мерц: Ерата на безусловното пријателство со САД е завршена

Мерц: Ерата на безусловното пријателство со САД е завршена

пред 2 месеци

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека односите меѓу Германија и САД претрпеле фундаментална промена и дека ерата на „безусловното трансатлантско пријателство“ веројатно е завршена на подолг период.

На предизборен настан на ЦДУ во Берлин, Мерц рече дека од другата страна на Атлантикот се гледа промена на политичкиот став и на односот кон трансатлантскиот сојуз.

Тој оцени дека Германија треба да ја искористи новонастанатата ситуација за да преземе поголема одговорност за сопствената безбедност, посочувајќи го зголемувањето на издвојувањата за одбраната.

Текстот Мерц: Ерата на безусловното пријателство со САД е завршена е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top