Мигрант убил свештеник во Франција, веднаш ја признал вината

пред 3 години

Католички свештеник беше убиен во Мортањ-су-Севр во регионот Ванде во западна Франција, објави денеска на Твитер министерот за внатрешни работи на таа земја, Жералд Дарманин. Тој додаде дека итно се упатил кон тој регион, пренесуваат регионалните медиуми.

„Мојата целосна поддршка за католиците во нашата земја по драматичното убиство на свештеникот во регионот Вонда“, напиша Дарманин на Твитер, велејќи дека отишол на местото на настанот.

Осомничен за злосторството е мигрантот Емануел Абаисенга од Руанда, кој веќе и бил познат на полицијата.

По злосторството тој и се предал на полицијата.

Извор близок до истрагата, кој побара да остане анонимен, изјавил за АФП дека осомничениот претходно отишол во полиција во градот Мортањ-сур-Севр и изјавил дека убил свештеник. Полицијата утврди дека злосторството постои.

Според изворот, убиениот свештеник, кој имал 60 години, во последните неколку месеци го примал мигрантот во црква.

Абаисенга наводно му признал на свештеникот дека стои зад пожарот во готската катедрала во Нант, од 18 јули 2020 година.

Француската екстремно десничарска лидерка Марин Ле Пен, која ја обвинува владата дека е слаба во однос на миграцијата, се обиде да го искористи инцидентот, велејќи дека во Франција „може да бидеш илегален мигрант, да запалиш катедрала и да не бидеш протеран “, а потоа повторно да го прекршиш законот со извршување убиство над свештеник, пренесуваат агенциите.

Дарманин од друга страна ја обвини дека „направила полемика без да ги знае фактите“, велејќи дека човекот не може да биде протеран од Франција се додека е под судска контрола.

Share
Scroll to Top