Лекар од Газа четири недели не ја напуштил болницата: „Сакам да се сокријам и да плачам“

Министерство на Хамас: Починаa 24 пациенти, состојбата е катастрофална

пред 11 месеци

Поради недостиг на струја, 24 пациенти починале во болницата Ал Шифа во Газа, каде израелската армија продолжува да бара оружје, тврди Хамас. Тие објавија дека според последните податоци, во израелската офанзива загинале 12.000 Палестинци, меѓу кои 5.000 деца.

Претходно денеска, Израел се согласи да испорачува до два камиони гориво дневно во опколениот Појас Газа, каде што бројни болници престанаа да работат поради недостиг на струја и прекин на хуманитарната помош, поради што ОН предупредија дека населението е на ризик од глад.

Портпаролот на Министерството за здравство на Хамас, Ашраф ал-Кидра, изјави за „АФП“ дека 24 пациенти починале во последните 48 часа во болницата Ал Шифа, „бидејќи виталната медицинска опрема престанала да работи оти нема струја за генераторите.

Повеќе од 12.000 Палестинци, меѓу кои 5.000 деца, се убиени во Појасот Газа, кој е под постојано израелско бомбардирање од 7 октомври, објави канцеларијата за медиуми во Газа.

Два камиона со гориво дневно се само дел од приближно 50 камиони кои дневно влегуваа во Појасот Газа пред да почне израелската војна со Хамас на 7 октомври, објави агенцијата на ОН за палестински бегалци.

Во болницата Ал Шифа ситуацијата е катастрофална за пациентите, раселените жители на Газа и болничкиот персонал, преполни без струја, без вода, без храна, изјави за „АФП“ директорот на болницата, д-р Мохамед Абу Салмија.

Според ОН, 2.300 луѓе сега се во болничката област. Израелската армија изјави за АФП дека продолжува да го пребарува огромниот болнички комплекс, за кој тврди дека Хамас го користел за складирање оружје, и ископа мрежа од тунели под него, но Хамас редовно ги отфрла овие тврдења.

Израел вети дека ќе го уништи Хамас кога движењето, кое не ја признава Државата Израел, почна крвави напади врз израелски цивили, при што загинаа 1200. Израелската војска објави дека 51 израелски војник биле убиени во борбите на палестинска територија.

Со недели ОН бараат испорака на гориво во Појасот Газа за да се овозможи работа на болниците, а камионите воопшто не можеа да достават хуманитарна помош. Од 9 октомври, Појасот Газа е под тотална опсада на Израел.

Текстот Министерство на Хамас: Починаa 24 пациенти, состојбата е катастрофална е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top