Британската полиција соопшти дека уапсила 26-годишно момче под сомнение за убиството на Ен Видекомб, поранешна конзервативна министерка која подоцна стана портпаролка на партијата Реформа на Велика Британија.
Полицијата од Девон и Корнвол соопшти дека 78-годишната Видекомб била пронајдена мртва во нејзиниот дом на Дартмур во Девон претходното утро, со сериозни повреди.
Мет Лонгман од полицијата од Девон и Корнвол изјави дека осомничениот е во притвор и дека инцидентот „не се третира како тероризам“ или политички мотивиран.
Премиерот Кир Стармер рече дека станува збор за „шокантна вест“, додека лидерката на Конзервативната партија, Кеми Баденох, рече дека е „згрозена од овој ужасен настан“.
фото/ЕПА
Текстот Млад човек уапсен за убиството на поранешна британска министерка е превземен од МАКФАКС.





