Можно е пандемијата да стане ендемична – германските доктори оптимистични

пред 9 месеци

Новиот сој на коронавирус, омикрон може да го ублажи притисокот врз германскиот здравствен систем доколку се покаже дека предизвикува поблаги симптоми на болеста, иако бројот на инфекции се зголемува, изјави денеска претседателот на Германското здружение на болнички лекари (ВЛК) Михаел Вебер.

Тој рече дека коронавирусот повеќе нема да претставува закана за здравствениот систем доколку омикронот стане доминантен во Германија, како во Јужна Африка, Британија или Данска, и доколку инфекциите се претежно благи, како што е случајот таму, пренесува „Ројтерс“.

„ Постои реална можност пандемијата да стане ендемична и во оваа земја“, рече Вебер за весникот „Велт ам Зонтаг“.

Бројот на дневни инфекции во Германија повторно е во пораст во последните денови по континуираниот пад во декември поради ширењето на омикронот, а зголемен е и бројот на зафатени кревети во одделенијата за интензивна нега.

Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах исто така изрази оптимизам дека омикрон изгледа помалку опасен од претходните варијанти, но истакна дека сепак претставува ризик за постарите луѓе кои не биле вакцинирани.

Високо заразната варијанта на омикрон предизвика нагло зголемување на случаите на коронавирус ширум светот, а бројот на заразени во светот достигна рекордно ниво, со просечно нешто повеќе од еден милион откриени случаи дневно помеѓу 24 и 30 декември, според „Ројтерс“.

Но, досега смртноста не расте со иста стапка, што дава надеж дека оваа варијанта е помалку смртоносна.

Германија објави 12.515 нови инфекции во неделата, а уште 46 лица починаа, со што бројот на починати во пандемијата се искачи на 112.155.

Share
Link with us
Game bài đổi thưởng
Scroll to Top