Момче и девојка пронајдени мртви во гаража во БиХ

пред 4 години

Момче и девојка утрово биле пронајдени мртви во гаража во Босанска Костајница. Полицијата ги истражува сите околности за оваа трагедија, објавија локалните медиуми. Според информациите, момчето имало 29, а девојката 19 години.

Портпаролката на полицијата во Приедор, Звездана Аландаревиќ изјави дека тие добиле информации за смртта на двајцата млади нешто по 19 часот. Патролата која се упатила на местото на настанот ги открила безживотните тела во автомобил паркиран во гаражата.

„Истрагата е во тек и сè уште не можеме да зборуваме за причините за смртта“, додаде портпаролката Аландаревиќ.

Медиумите, пак, пишуваат дека е веројатно е оти двајцата млади да се задушиле со јаглерод моноксид.

Се претпоставува дека автомобилот во гаражата бил во функција, па издувните гасови од моторот довеле до смрт кај младата двојка.

Share
Scroll to Top