Руската адвокатска комора спроведува проект чија цел е да им даде поддршка на оние Руси кои биле дискриминирани во странство.
„ Русите се соочуваат со целосно одвратни манифестации на русофобија во различни земји во светот, што е неприфатливо“ изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Како што изјави претходно претседателот на здружението Сергеј Степашин, проектот ќе опфати бесплатни консултации, правна помош, помош при поднесување жалби и судски спорови, а веќе е отворен и проектниот портал „За правата на сонародниците“, соопшти руската агенција.