Напаѓач со нож повредил четири лица во Нов Зеланд

пред 7 дена

Во Нов Зеланд напаѓач со нож повредил четири лица, пред случајни минувачи да го соборат на земја и да го сопрат, соопшти полицијата.
Претставник на полицијата изјавил дека нападот во Окленд, кој траел помалку од 10 минути, бил случаен и дека осомничените се во притвор, пренесува Ројтерс.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Било изјавено дека нема индиции дека се работи за кривично дело од омраза, бидејќи жртвите биле од различен пол, националност и возраст, а дека полицијата брзо реагирала, го уапсила сторителот и спречила да дојде до поголем број на жртви.

Се наведува и дека сите ранети се со умерени повреди.

Случајни минувачи кои се нашле на местото на инцидентот го следеле осомничениот и го опколиле по почетокот на нападот, а еден од нив го соборил со помош на патерици за одење, соопшти полицијата.

Било прецизирано дека мажот носел голем нож и дека имал умерени повреди при апсењето, како и дека поради тоа бил хоспитализиран.

Нов Зеланд беше место на два насилни напади со нож во супермаркети минатата година, а еден е наведен како терористички чин, додека истрагата не го утврди мотивот за вториот напад, пренесува Ројтерс.

Минатиот септември, муслимански екстремист инспириран од терористичката организација „Исламска држава“ рани пет лица во супермаркет во Окленд пред полицијата да го застрела и да го убие.

И во мај минатата година, клиентите и персоналот во супермаркет во Данедин успеале да спречат вознемирен маж да повреди поголем број на лица, откако ранил четири лица во напад со нож, при што тешко повредил тројца.

Напаѓачот е осуден на 13 години затвор, јавува Ројтерс.

Share

link tải go88 cho iphone

sunwin hỗ trợ

Scroll to Top