Најголемата болница во Газа остана без гориво, бебе почина во инкубатор

Најголемата болница во Газа остана без гориво, бебе почина во инкубатор

пред 4 месеци

Најголемата болница во Појасот Газа, Ал Шифа, остана без гориво, соопшти портпаролот на палестинското Министерство за здравство.

„Како резултат на тоа, едно новороденче почина во инкубатор, каде што има уште 45 бебиња“, додаде портпаролот.

Министерот за здравство претходно соопшти дека болницата ја прекинала работата. Нема вода, а недостига и храна.

Организацијата Лекари без граници денеска објави, по дојавата за силно бомбардирање во близина на медицинскиот комплекс Ал-Шифа во Појасот Газа, дека изгубила контакт со персоналот ангажиран во таа здравствена установа.

Текстот Најголемата болница во Газа остана без гориво, бебе почина во инкубатор е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top