Најголема катастрофа во Русија во последните 10 години: Бројот на жртви во рудникот се искачи на 57

пред 3 години

Инцидентот се случи откако се запали јагленовата прашина во вентилационата шахта , исполнувајќи го окното на сибирскиот рудник со чад, поради што на лице место починале 11 лица.

До вечерта, како резултат на неуспешната операција за извлекување на десетици исчезнати или заробени рудари се претвори во трагедија, откако неколку спасувачи наводно се задушиле.

Oд Итната помош соопштија дека „никој не останал жив“. Повеќето од 285-те луѓе во рудникот Листвјажнаја, во областа Кемерово, на околу 3.500 километри источно од Москва, побегнале веднаш по инцидентот,

Официјални лица соопштија дека 49 рудари биле пренесени во болница со повреди. Некои од нив се здобиле со труење со чад, а четворица се во критична состојба.

Десетина рудари не можеле да избегаат по првичниот инцидент, но спасувачките операции мораа да бидат прекинати откако беше откриено опасно високо ниво на метан во рудникот, што предизвика страв од можни експлозии.

Една од спасувачките екипи не успеала да излезе од рудникот. Подоцна беа пронајдени телата на тројца спасувачи, со што официјалниот број на загинати се искачи на 14.

Доцна во четвртокот, неколку извори изјавија за руските медиумски агенции дека не се очекува да бидат пронајдени повеќе преживеани и дека бројот на загинатите се искачил на над 50, вклучително и шест спасувачи кои настрадале за време на акцијата за извлекување на рударите.

Според последните информации, вкупниот број на жртви во оваа несреќа во рудникот е 57. Три лица, меѓу кои и директорот на рудникот, се уапсени поради наводни безбедносни нарушувања.

Share
Scroll to Top