Најмалку 19 повредени во судир меѓу воз и автобус во Франција

Најмалку 19 повредени во судир меѓу воз и автобус во Франција

пред 2 часа

Најмалку 19 лица се повредени во судир помеѓу товарен воз и автобус во северна Франција. Несреќата се случила во близина на Кокел, во близина на Евротунелот, што го потврди канцеларијата на локалниот префект, пренесува Ројтерс.

Според соопштението од префектурата, никој од повредените не е во животозагрозувачка состојба. Потврдено е дека меѓу повредените е и возачот на автобусот. Властите сè уште немаат објавено детали за идентитетот на другите повредени, ниту за точната природа на нивните повреди.

Интервенција на итните служби
Судирот се случил во близина на влезот во товарниот тунел што ги поврзува Франција и Велика Британија. На местото на настанот веднаш биле испратени возила на итните служби, полиција и хеликоптер.

Околностите што довеле до судирот сè уште се истражуваат. Во моментов нема официјални информации за причината за несреќата.

Текстот Најмалку 19 повредени во судир меѓу воз и автобус во Франција е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top