Анализата на антитела на стари лица кои се меѓу првите што се вакцинирани против Ковид-19 од крајот на декември и во текот на јануари ќе покаже дали треба да се почне со третата доза и во Хрватска, пишува „Вечерњи лист“.
Во Хрватска, меѓу популацијата постара од 65 години, 588.755 лица (69.0%) се вакцинирани со една доза и 555.832 лица (65.1%) со две дози.
„ Направив мало истражување и се надевам на првите резултати од анализата оваа недела. Дали ќе започне третата доза за стари лица, зависи од резултатите и како другите земји ќе реагираат на третата доза”, за „Вечерњи лист“ изјави епидемиологот Бранко Колариќ, раководител на Геронтолошката служба за јавно здравје на Наставниот институт за јавно здравје Др. Андрија Штампар.
Имунолошкиот одговор слабее со биолошкото стареење, а случаите на неуспех во вакцинацијата се јавуваат почесто кај постарите лица и кај лица со ослабен имунитет. Како што објасни имунологот проф. Златко Тробоњача, концентрацијата на антитела постепено се губи, во просек десет месеци по болеста е преполовена, а по вакцинацијата исто така постепено се намалува, иако не толку брзо.