Неидентификуван летечки објект влезе во Полска, доаѓал од правец на Украина

Неидентификуван летечки објект влезе во Полска, доаѓал од правец на Украина

пред 4 месеци

Неидентификуван летечки објект утрово навлезе во воздушниот простор на Полска, членка на НАТО, од правец на границата со Украина, соопшти Оперативната команда на полската армија.

„Од моментот кога ја преминал границата до исчезнувањето на сигналот бил следен од радари за противвоздушна одбрана“, објави Оперативната команда на социјалната платформа „Икс“.

Приватната телевизија „Република“ објави дека се трага по објект во близина на градот Хрубиесов во јужна Полска. „Ројтерс“ не можеше веднаш да ја потврди оваа информација.

„Во согласност со важечките процедури, оперативниот командант на вооружените сили ги мобилизира расположливите сили и средствата со кои располага“, се додава.

Русија изврши воздушен напад врз Украина во текот на ноќта испраќајќи 158 беспилотни летала и проектили во својот најголем воздушен напад од почетокот на сеопфатната инвазија, чија цел беше критична инфраструктура, индустрија и воени објекти, соопшти украинската војска.

Текстот Неидентификуван летечки објект влезе во Полска, доаѓал од правец на Украина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top