Новинари ги прашаа браќата Кличко дали се во искушение да го напуштат градот

пред 3 години

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко и неговиот брат Владимир беа гости на Би-би-си и разговараа за она што моментално се случува во Киев.

Новинарите ги прашале, меѓудругото, дали се во искушение да го напуштат градот.

„Не, Киев е мојот дом. Нашите родители се закопани овде, нашите деца одат на училиште – зошто да бегаме?“, рече Владимир Кличко.

Браќата Кличко порачаа дека градот денес е мирен, но дека Русија продолжува да напредува.

„Тенковите се движат од Белорусија кон Киев… од север и исток со повеќе војници“, рече Виталиј.

„Денес овде беше малку тивко – нема гранатирање како вчера, но очекуваме да почне повторно“, додаде тој.

Виталиј Кличко вели дека сите треба да помогнат во одбраната на Украина, нарекувајќи го нападот војна против демократијата: „Ни треба поддршка од целиот свет. Ова е предизвик за целото модерно општество“.

Зборувајќи за секојдневието во моментов, градоначалникот Кличко рече дека се грижи за критичната инфраструктура во Киев, како што се гасот и струјата.

„Во текот на ноќта, три, четири или пет пати, одиме во засолништа поради дојави за бомбардирање. Секоја вечер“, додава тој, велејќи дека некои луѓе се во засолништа со денови.

Кличко на крајот ги повика луѓето да не веруваат во, како што кажа, руската пропаганда.

Share
Scroll to Top