Германската биофармацевтската компанија „Формикон“, со седиште во Планег-Мартинсрид близу Минхен, Баварија, соопшти дека има лек против Ковид-19. „Формикон“ сега има за цел „брзо одобрување во случај на итност“ на својот лек против Ковид-19.
Првите разговори со Европската агенција за лекови (ЕМА) и американската ФДА се закажани за почетокот на првиот квартал од 2021 година, објаснува извршниот директор на „Формикон“, Брокмаер – и затоа се надева на итно одобрување на почетокот на 2022 година.
„ Дури и за десет години, ќе има значителен број луѓе кои не биле вакцинирани против Ковид-19 или кои ќе станат сериозно болни и покрај вакцинираните“, рече Брокмаер. „Во моментов нема опции за третман на овие луѓе. Но, ако можеме да ја намалиме стапката на сериозни форми на Ковид-19, вирусот би претставувал многу помала закана“ заклучува тој.
Како главна точка на влегување во човечката келија, САРС-CoV-2 и другите коронавируси го користат рецепторот АЦЕ2 на површината на келијата. Ова е местото каде што се активира фузивниот протеин за антитела на „Формикон“, кој ефикасно се врзува за САРС коронавирусите, велат од компанијата.
„ Ова значи дека пациентите кои се сериозно болни со Ковид-19 и се наоѓаат во болница имаат можност за лекување“, рече шефот на „Формикон“, Карстен Брокмајер, во интервју за германскиот јавен сервис tagesschau.de. Тој додава дека засега не постои лек за овие пациенти.
Таква „одлична заштита“, дури и од мутации, во моментов не постои ниту кај вакцините, ниту кај другите терапевтски антитела во развој, вели аналитичарот Демиен Чопелин.
Антивирусните лекови, како што е Ремдесивир, во кои првично се надеваа, се покажаа во голема мера неефикасни. А коктелите против антитела, како што се оние на репертоарот на американските компании Риџенерон (Regeneron) и Илај Лили (Eli Lilly), се одобрени само за пациенти во раните фази на болеста.
„ Од друга страна, ние ја блокираме влезната порта што ја користи вирусот за да навлезе во клетките. Ова нуди максимална заштита од мутации. На тој начин, ние исто така ги спречуваме идните епидемии на коронавирус“, нагласи директорот на компанијата „Формикон“.
Научниците ширум светот се загрижени за идејата дека мутациите на САРС-КоВ-2 можат да ги направат отпорни на вакцини и лекови.