Научниците открија дека ковид-19 од луѓето преминал на диви елени во некои делови на Соединетите Американски Држави.
Имено, тие открија антитела за САРС-КоВ-2 во 40 проценти од елените со бела опашка на североисток од земјата, пренесува „Science Alert“.
Само во Мичиген, 67 проценти од дивите елени имале имунолошки маркери на коронавирус во крвта.
Ова е првиот доказ за широка изложеност на „Ковид-19“ во дивиот свет.
Иако здравствената состојба на ниту еден од елените не е влошена, присуството на специфични антитела во крвта покажува дека тие неодамна го надминале вирусот.
Научниците стравуваат дека популацијата на диви елени може да биде добра основа за развој и мутација на Ковид-19, која потоа подоцна би можела да им се врати на луѓето, но со потешки последици врз нашето тело отколку порано.