Продолжува војната во Украина.
Клучни моменти:
Зеленски рече дека повеќе од 300 цивили биле убиени во Буча откако биле мачени и дека за тоа ќе биде одговорна руската армија. Тој утре ќе се обрати во ОН
„Њујорк Тајмс“ објави сателитски снимки, за кои велат дека докажуваат дека телата лежат на улица во Буча со недели.
Велика Британија и САД најавија уште построги санкции против Русија по масакрот во Буча, а ЕУ вели дека „сите опции се на маса“
Рускиот амбасадор во ОН одржа прес-конференција и тврди дека приложил „доказ“ дека масакрот во Буча бил организиран од Украинци
од минута во минута:
09:51 Небензја: Снимката од телата во Буча е од 3 април, по заминувањето на руските сили од градот
Амбасадорот на Русија во Советот за безбедност на ОН, Василиј Небензја, рече дека приказната дека Русија е одговорна за масакрот во Буча е голема лага.
„ Сакам да ви презентирам вистински докази за Буча. Додека градот беше под контрола на руската армија, ниту еден жител не беше жртва на насилство. За тоа време жителите се движеа слободно. Тие користеа мобилни телефони за да можат да објавуваат каква било слика или видео од некакво теоретско насилство што беше случај. Но, тоа не се случи“, рече Небензија.
$bp(“Brid_49140773”, {“id”:”26456″,”width”:”762″,”height”:”429″,”video”:”986549″,”autoplay”:0,”shared”:true});
09:39 „Њујорк тајмс“: Овие сателитски снимки докажуваат дека телата во Буча лежеле со недели улица
Мртвите тела на цивили во Буча лежеле на улиците со недели, и покрај руските тврдења дека убиствата се случиле откако војниците си заминале, пренесува „Њујорк тајмс“.
Кремљ беше обвинет за масакр, Киев исто така го обвини за геноцид, но Русија негираше дека нејзините војници убиле цивили и тврди дека сето тоа било лага и измама. Сега, анализата на сателитските снимки пред и потоа направени од „Њујорк тајмс“ покажа дека многу цивили биле убиени пред повеќе од три недели – додека руските сили го контролирале и градот и тој дел од регионот на Киев.
Satellite images show bodies lay in Bucha for weeks, despite Russian claims
https://t.co/cbd92GXfgk— The New York Times (@nytimes) April 4, 2022
Носејќи ракавици и маска за лице, Сергеј Матујк доживеа неопислив хорор во последниот месец. Како што пишува „Скај њуз“, неговата работа е да ги закопува телата во украинскиот град Буча, каде што се појавија докази за можни воени злосторства од страна на руските сили.
„ Тие се курви“, изјави тој за „Скај њуз“, стоејќи покрај големо бело комбе, чекајќи уште пет мажи да ги натоварат телата во задниот дел.
Sky’s @HaynesDeborah speaks to Serhij Matuyk, whose job is to retrieve and bury bodies in the Ukrainian town of Bucha where evidence has emerged of possible war crimes by Russian forces https://t.co/e4lT44l4yy
— Sky News (@SkyNews) April 5, 2022
08:52 (Видео) Зеленски: Во Буча биле мачени и убиени повеќе од 300 цивили, започната е истрага
Во синоќешниот говор, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека повеќе од 300 цивили биле мачени до смрт во Буча и најави дека денеска ќе се обрати во ОН.
„ Само што започнавме истрага за сè што направиле окупаторите. Во моментов има информации за повеќе од триста убиени и мачени само во Буча. Списокот на жртви веројатно ќе биде многу поголем кога ќе се провери целиот град. И ова е само еден град“, рече Зеленски, кој исто така рече дека бројот на жртви може да биде значително поголем во Бороѓанка и некои други ослободени градови.
$bp(“Brid_49138612”, {“id”:”26456″,”width”:”762″,”height”:”429″,”video”:”986536″,”autoplay”:0,”shared”:true});
08:43 Москва предупреди на пропорционален одговор на протерувањето на дипломатите
Русија пропорционално ќе одговори на протерувањето на нејзините дипломати од голем број западни земји, изјави поранешниот руски претседател и заменик-претседател на Советот за безбедност Дмитриј Медведев, пренесува „Ројтерс“.
„ Сите го знаат одговорот: тоа ќе биде симетрично и деструктивно за билатералните односи. Кого казнија? Пред се себеси“ рече Медведве.