Олаф Шолц и Емануел Макрон побараа од Путин итен прекин на огнот

пред 4 години

„Германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон повикаа на итен прекин на огнот во Украина за време на телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин“, изјави неименуван претставник на германската влада.

„Макрон и Шолц му кажаа на Путин дека секое решение за војната во Украина треба да се постигне преку преговори меѓу Украина и Русија“, изјави неименуван функционер, цитиран од Ројтерс.

„Тројцата лидери се согласија да останат во близок контакт во наредните денови“, додаде тој.

Share
Scroll to Top