Омикрон од следната недела ќе биде доминантен во Австрија

пред 3 години

Австриската комисија за коронавирус проценува дека веќе следната недела сојот омикрон би можел да стане доминантен вид во Австрија.

Симулациите покажуваат дека бројот на новозаразени наскоро би можел да се врати на нивото на последниот, четврти бран, од околу 15.000 случаи на ден.

Според прогнозите, првиот бран на инфекција со новиот сој би можел да следи во првата недела од јануари.

Како што се наведува, засега не се јасни можните последици за состојбата во болниците.

Комисијата предупредува дека болниците поради четвртиот бран се се уште преоптоварени и дека преоптоварувањето на здравствениот систем е реална опасност, иако омикронот засега покажува поблаги знаци на болеста.

Share
Scroll to Top