Орбан: Мирот никогаш не бил поблиску, воената ситуација никогаш не била толку опасна

Орбан: Унгарија бара обелоденување на американското финансирање на невладините организации и некои медиуми

пред 1 месец

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија ќе бара објавување на сите пари испратени од САД до невладините организации и медиумите што ја критикуваат неговата влада.

Тој нагласи дека треба да биде јасно кој добива пари од САД бидејќи, како што тврди, овие организации работат против унгарската влада, пренесе „Ројтерс“. Тој исто така рече дека средствата што доаѓаат од програмата на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) мора да бидат транспарентни.

Орбан изјави дека сегашниот американски закон, според кој САД ја поврзува помошта со својата надворешна политика, им дозволува на странските организации да влијаат на унгарската политика.

Исто така, Унгарија минатата година донесе закон со кој се забранува странско финансирање на политички организации, а ЕУ и другите меѓународни организации го критикуваа овој закон.

УСАИД е основана 1961 година и е една од најголемите официјални агенции за помош во светот, со мисии во повеќе од 100 земји, пред сѐ, во Африка, Азија, Латинска Америка, Блискиот Исток и во Источна Европа.

Американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на февруари потврди дека ќе ја укине УСАИД откога неговата администрација објави дека размислува за спојување на УСАИД со Стејт департментот со цел да го намали бројот на вработени во Агенцијата и да ги усогласи нејзините трошоци со политиката на Трамп – „Америка на прво место“.

Тој исто така ги обвини УСАИД и други агенции дека украле милијарди долари за да создадат лажни афирмативни вести за Демократската партија.

Текстот Орбан: Унгарија бара обелоденување на американското финансирање на невладините организации и некои медиуми е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top