Ослободени сите седуммина осомничени за подготовка на напад врз американска база во Британија

Ослободени сите седуммина осомничени за подготовка на напад врз американска база во Британија

пред 5 часа

Британската полиција го ослободи со кауција и последниот, седми осомничен за подготовка на терористички напад врз американската воздухопловна база РАФ Ферфорд во Велика Британија, пренесува „Ројтерс“.

Станува збор за 22-годишен британски државјанин, кој е пуштен на слобода под строги услови. Претходно со кауција беа ослободени и останатите шестмина осомничени.

Петмина британски државјани беа уапсени на 27 септември во близина на базата во Глостершир, а неколку дена подоцна беше приведен и маж со двојно британско-иранско државјанство. Антитерористичката полиција соопшти дека истрагата продолжува.

Случајот е поврзан со одлуката на САД да ги повлечат своите бомбардери од базата поради закана поврзана со Иран. Според американски претставници, авионите биле преместени по добиени разузнавачки информации за наводен ирански план за сложен напад со дронови врз базата, која претходно била користена за американски напади врз Иран.

Текстот Ослободени сите седуммина осомничени за подготовка на напад врз американска база во Британија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top