Остатоци од птици пронајдени во моторот во авионот по несреќата со српскиот патник кој излета од прозор

Остатоци од птици пронајдени во моторот во авионот по несреќата со српскиот патник кој излета од прозор

пред 3 часа

Остатоци од птици се пронајдени во моторот на авионот Боинг 737 NG на „Рајанер“, по несреќата во која еден патник беше делумно вовлечен низ скршен прозорец кратко по полетувањето од Грција во јули, објави денес Националниот одбор за безбедност на сообраќајот (NTSB) на САД.

NTSB го истражува инцидентот во кој дел од моторот се одвои од авионот и скрши прозорец. Авионот, кој леташе за Германија, изгуби притисок и мораше да изврши итно слетување.

Инцидентот се случи на лет од Солун, Грција, до Меминген, Германија. Љубиша Каровиќ (61) почнал да излегува од кабината со главата откако акрилниот прозорец пукнал поради дефект на моторот. Неговата сопруга, Светлана Грковиќ, успеала да го држи за нозете, а потоа, со помош на уште двајца патници, го вратиле во авионот.

Во прелиминарниот извештај за инцидентот од 10 јули, NTSB соопшти дека екипажот на летот пријавил четири сомнителни удари од птици во моторот број два во 12-те месеци пред несреќата.

„Отпадоци од птици се наводно пронајдени во два случаи, иако не е пронајдена никаква штета за време на последователното одржување, се вели во извештајот.

NTSB соопшти дека моторот CFM, произведен од францускиот Safran и американскиот General Electric, бил проверен во мај, без пронајдени абнормалности.

„Боинг“ и „Рајанер“ одбија да коментираат за вестите денес. GE и Safran не беа веднаш достапни за коментар.

NTSB, независна американска владина агенција која истражува несреќи во цивилното воздухопловство, го истражува летот на „Рајанер“

Агенцијата соопшти дека сè уште разгледува дали овој инцидент е сличен на други случаи, како што е откажувањето на моторот на летот на „Ју-Ес Саутвест ерлајнс“ во април 2018 година, кога патник кој делумно бил вовлечен низ прозорец починал.

„Истражувачкиот тим е свесен за претходни настани со слични модели на мотори кои резултирале со оштетување на вшмукувачките отвори на моторот или облогите и структурите на трупот. Секоја релевантна сличност помеѓу оваа несреќа и претходните настани сè уште се истражува“, се вели во извештајот.

 

фото/Depositphotos

Текстот Остатоци од птици пронајдени во моторот во авионот по несреќата со српскиот патник кој излета од прозор е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top