Отстрането знамето на ЕУ од Триумфалната капија во Париз

пред 3 години

Француските власти синоќа беа принудени да го тргнат европското знаме од Триумфалната капија.

Тоа е направено поради протестот на десницата која смета дека тоа што синото знаме со ѕвездите се вее на местото каде што обично се вее француското знаме го брише францускиот идентитет.

Контроверзноста започна на последниот ден од старата година, по жестоките критики од екстремно десничарските претседателски кандидати Марин Ле Пен и Ерик Земур. Претставниците на десницата, како Ерик Сиоти, не се согласија со идејата на владата.

Во исто време Марин Ле Пен најави тужба до Државниот совет, нагласувајќи дека државното знаме мора да се вее и на јавните институции, а не само европското.

Беше планирано синото знаме со жолти ѕвезди на Триумфалната капија да остане неколку дена, но по полемиката предвреме беше отстрането.

Знамето беше подигнато поради француското преземање на шестмесечното претседавање со Европската унија, кое започна на првиот ден од новата година.

Share
Scroll to Top