Сајтовите на некои руски медиуми паднаа во пресрет на преговорите меѓу украинската и руската делегација во Белорусија.
Сајтовите на агенцијата Тасс, Известија.ру и Комерсанта моментално не се во функција.
Како што објави руска Газета, осомничен е хакерски напад на групата Анонимуси.
Да потсетиме, во претходните денови официјалната веб-страница на Кремљ повремено не беше во функција токму поради хакерски напади.
Во меѓувреме, во Белорусија моментално се водат преговори меѓу двете делегации.
Како што истакна украинскиот претседател Володимир Зеленски, Украина сака итен пристап во Европската унија и прекин на огнот.