Падна автобуска постојка во Нови Сад, нема повредени

Падна автобуска постојка во Нови Сад, нема повредени

пред 10 месеци

Постојка за градски автобуси денеска утрото падна на булеварот Европа во Нови Сад, а нема повредени, јавуваат локални медиуми.

Како што објави локалниот портал „021“, повикувајќи фотографии од очевидци, целосно паднала постојката со натстрешникот на кружниот тек на раскрсницата булевар Европа.

На подот се гледаат големо количество стакло и други остатоци од натстрешникот, стои во написите.

Остатоците од постојката бргу беа отстранети, конструкцијата беше откорната од бетонот, а парчиња стакло беа расфрлени околу постојката.

Текстот Падна автобуска постојка во Нови Сад, нема повредени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top