Папата Франциско: Бог е со миротворците, а не со оние кои почнуваат војни

пред 3 години

Папата денеска повика на отворање на хуманитарните коридори за помош на бегалците од Украина и порача дека оние кои почнуваат војни не треба да се залажуваат и да мислат дека Господ е на нивна страна.

Додека некои држеа големи украински знамиња на плоштадот Свети Петар во Ватикан, папата Франциско во своето редовно неделно обраќање рече дека неговото срце е скршено и предложи среда да биде ден на молитва и пост за мир, пренесува „Ројтерс“.

„Оружјето нека замолчи. Господ е со мировниците, а не со оние кои користат насилство. Народот е вистинска жртва, кој со својата кожа го плаќа лудилото на војната“, истакна папата Франциско.

Share
Scroll to Top