Париз, Берлин и Лондон: Дојде моментот да се запре војната во Газа

Париз, Берлин и Лондон: Дојде моментот да се запре војната во Газа

пред 2 дена

Франција, Германија и Велика Британија преку заедничко соопштение порачаа дека хуманитарната катастрофа во Газа мора веднаш да запре.

„Хуманитарната катастрофа на која сведочиме во Газа мора веднаш да престане“, се наведува во соопштението со кое Париз, Берлин и Лондон реагираат на предупредувањата од Обединетите нации и невладините организации за гладта во палестинската енклава. Трите европски престолнини апелираа до израелската влада веднаш да ги укине ограничувањата за испорака на хуманитарна помош.

„Дојде моментот да се запре војната во Газа“, се вели во соопштението, со кое се повикуваат двете страни на итно примирје.

Трите европски земји повторно го упатија својот повик за ослободување на израелските заложници и разоружување на Хамас, притоа силно спротивставувајќи се на секој обид за наметнување израелски суверенитет над окупираните палестински територии.

„Заканите за анексија, населување и насилството од доселеници врз Палестинците ги поткопуваат шансите за постигнување договор за решение со две држави“, предупредија.

Британскиот премиер Киер Стармер вчера најави итен состанок за ситуацијата во Газа со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц. Во заедничката изјава не се прецизира дали таа е објавена пред или по состанокот, пренесе агенцијата Франс Прес.

Текстот Париз, Берлин и Лондон: Дојде моментот да се запре војната во Газа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top