Ситуацијата на ерменско-азербејџанската граница останува напната со оглед на тоа дека околу 500-600 азербејџански воени лица се уште се на ерменска територија, изјави вршителот на должност премиер на Ерменија, Никол Пашинјан, на владиниот состанок денеска, пренесува ТАСС.
„Сакам да констатирам дека ситуацијата на наведените делови на границата со Азербејџан остана непроменета. Напнато е во смисла дека околу 500-600 азербејџански војници остануваат на нашата суверена територија. Тие мора да ја напуштат нашата земја, а ние даваме се од себе за да спречиме каква било воена ескалација“, објасни Пашинјан.
На 12 мај, ерменското Министерство за одбрана соопшти дека вооружените сили на Азербејџан се обиделе да извршат одредена активности во една од пограничните области на провинцијата Сијуник за да ја „приспособат границата“.
Подоцна истиот ден, Пашинјан рече дека азербејџанските вооружени сили ја преминале државната граница на Ерменија, навлегувајќи 3,5 км на нејзината територија.
Страните неколкупати разговараа за средување на ситуацијата, а последната рунда со посредство на Русија се одржа на 16 мај.