Кинеските власти ја критикуваа и одговорија на изјавата на американскиот претседател Џо Бајден, кој рече дека Соединетите Американски Држави ќе го бранат Тајван доколку е потребно во случај на нивен конфликт со Кина.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, ги коментира изјавите на Бајден, јавија агенциите.
„Тајван е нераскинлив дел од Кина. Странската интервенција е неприфатлива кога станува збор за Тајван“, рече Венбин.
Тој исто така рече дека Кина одлучно ги брани своите интереси и нема да отстапи од нив.
„Никој да не се обидува да ги тестира решителноста и капацитетот на Кина да ги брани својот суверенитет и територијалниот интегритет“, рече тој.
Истовремено, ги повика САД да го почитуваат принципот на интегритет на Кина и да им не даваат погрешни сигнали на сепаратистичките кругови во Тајван.