Пентагон го советувал Бајден да го почитува договорот со талибанците, велат од Белата куќа

пред 3 години

Пентагон му препорача на американскиот претседател Џозеф Бајден да се придржува до договорот на 31 август како краен рок за заминување на американските војници од Авганистан, потврдија американските власти.

Во извештајот на „Ројтерс“ се наведува дека претставникот на Белата куќа, Џин Псаки, изјавил дека американскиот претседател ги предупредил лидерите на Г7 за време на самитот дека американската мисија во Кабул ќе биде завршена во зависност од постигнувањето на американските цели.

„ Претседателот потврди дека сме на добар пат да ги исполниме тие цели до 31 август“ рече Псаки.

За време на својот говор на самитот на Г7, американскиот претседател посочи дека САД „ забрзано го изведуваат повлекувањето од Авганистан до 31 август, во зависност од соработката со талибанците“.

Бајден испрати илјадници американски војници на аеродромот во Кабул, откако талибанците го освоија главниот град и поголем дел од Авганистан пред речиси две недели.

Околу 6.000 американски војници помагаат да се евакуираат американски државјани и загрозени Авганистанци, но и да се обезбеди аеродромот за да можат другите земји да ги евакуираат своите граѓани.

Share
Scroll to Top