Песков: Русија е загрижена за ситуацијата во Авганистан

пред 3 години

Русија е загрижена за ситуацијата во пограничните области во Авганистан, која настана како резултат на повлекувањето на американските сили.

Ова денеска го изјави претставникот на Кремљ, Дмитриј Песков.

“Се разбира, ситуацијата во Авганистан по повлекувањето на американските и сојузничките сили предизвикува сериозна загриженост. Ние внимателно ќе го следиме развојот на настаните”, потврди Песков и жали што ситуацијата се дестабилизира.

Тој истакна дека Русија не разговара со властите во Кабул за можноста за распоредување на свој воен контингент во Авганистан, и покрај ескалацијата на конфликтот во пограничната зона со Русија.

Share
Scroll to Top