Русија ќе воведе санкции кон западните земји врз основа на реципроцитет, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој додаде дека Кремљ бил запознаен со изјавите дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен да разговара за можната неутралност на Украина, но изјавил дека не може да каже ништо за можните разговори меѓу Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин, пренесоа руските агенции.
Песков рече дека Москва ќе ја анализира понудата на Зеленски, но дека очекувањата на Москва од Киев остануваат непроменети.