Песков: Смртноста е зголемена, таков е трендот

пред 4 години

Смртноста во Русија е зголемена поради пандемијата на коронавирус, но трендот е ист во светот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој додаде дека засега нема планови за дополнителни ограничувачки мерки, објави ТАСС.

Што се однесува до зголемувањето на смртните случаи од пандемија, официјалниот претставник на Кремљ рече:

„Ќе ве упатам на вчерашното образложение на вицепремиерката Тајтана Голикова. Таа објасни сè за смртноста. За жал, вистина е дека Ковид-19 ги ​​зголеми црните бројки “.

Тој пред новинарите потенцираше дека таква е состојбата во светот.

„Сите други објаснувања ви ги даде вицепремиерката Голикова. Но, повторувам, нема потреба да се затвора земјата”, рече Песков.

Share
Scroll to Top