Петков: За ветото потребен е консензус и од опозицијата

пред 3 години

Бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека е потребен широк консензус за прашањето поврзано со ветото за почеток на преговорите меѓу Македонија и ЕУ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

За укинување на ветото, рече Петков, може да се зборува само кога МНР ќе ги претстави најновите резултати од напредокот меѓу двете земји.

„ За некои работи мора да постојат јасни црвени линии – како што е темата за корупција. Но, за национално прашање како ова е толку важно што никој нема право да го прави тоа сам. Мора да има заедничка согласност. Потребен ни е широк консензус кој ќе ја вклучи коалицијата и делови од опозицијата“ рече Петков.

Тој изјави дека од претходниот советодавен совет поминале шест месеци, во кои се насобрале многу фактори и дека е потребно да се свика нов.

„ Поминаа шест месеци од последниот ваков собир. Многу работи се случија. Имаше разговори, предлози, светски лидери кои го покажаа својот пристап кон решавање на темата. Нема подобар формат од тоа да седнете на маса, да сумирате што се случило и кои чекори да ги преземете заедно во иднина. Ако не сме во ист брод, разделбата ќе не ослаби“, објасни Петков.

Тој додаде дека тој и папата не разговарале за прашањето за давање зелено светло за преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија.

Share
Scroll to Top