Писториус се откажа од кандидатурата за канцелар и го поддржа реизборот на Шолц: „Ова е само моја одлука“

Писториус се откажа од кандидатурата за канцелар и го поддржа реизборот на Шолц: „Ова е само моја одлука“

пред 23 часа

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, соопшти дека нема да се кандидира за канцелар на земјата на претстојните вонредни избори и најави дека ќе ја поддржи кандидатурата на германскиот канцелар, Олаф Шолц за реизбор, пренесе „Дојче веле“.

„Ова е моја и само моја лична одлука. Последниве недели, повторно го потенцирав тоа и го повторувам што е можно појасно: Во Олаф Шолц имаме одличен канцелар. Коалицијата која би била предизвик дури и во нормални времиња, тој ја предводеше во веројатно најголемата криза во последните децении“, рече Писториус.

Според вчерашната анализа на „Политико“, Писториус е најпопуларниот политичар во Германија, додека актуелниот германски канцелар Олаф Шолц е меѓу најмалку популарните.

Многумина во СПД се уверени дека Писториус е единствениот кој може да ја спаси партијата од тежок пораз на предвремените избори во Германија, што се очекуваат на 23 февруари, по падот на трипартиската коалиција на Шолц на почетокот од овој месец.

Текстот Писториус се откажа од кандидатурата за канцелар и го поддржа реизборот на Шолц: „Ова е само моја одлука“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top